Верстапен изненаден што станал шампион

Макс Верстапен стигна до втората титула по ред, оваа ја освои во Јапонија откако Шарл Леклер беше казнет со 5 секунди поради грешка во последната кривина од последниот круг.

Возачот на Ферари заврши пред Серхио Перез на патеката, но доби казна од 5 секунди откако излета и стекна предност по што мораше да се задоволи со третата позиција.

Каква сезона имавме до сега, тоа е неверојатно. Не можев да претпоставам по тоа што се случи минатата година кога се боревме до крај. сега имавме одличен болид.

Им благодарам на сите кои придонесоа за успехот На тимот тука и во фабриката на кои не им недостасува мотивација – се заблагодари старо-новиот првак.

Сузука е домашна патека на Хонда, а Верстапен ги пофали јапонците за работата на моторот откако Ред Бул најавија обновување и продолжување на партнерството.

Работевме заедно со Хонда и мислам дека секоја година се подобруваме. Победивме два пати и ова е посебно емотивно бидејќи тоа што не следат ни прави позитивен притисок. Горди сме што ја освоивме титулата тука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ