Верстапен имал проблем со анти-стал системот на стартот

Макс Верстапен влегол во анти-стал мод за време на стартот од трката откако ја пуштил спојката по гасењето на семафорот.

Тој падна од осма на 12та позиција во првиот свиок поради лошиот старт, но сепак, се бореше да напредува и стигна блиску до Ландо Норис во 40от круг кога излета и мораше да се врати по нови гуми. На крајот трката ја заврши на седма позиција.

Кога ја пуштив спојката, влегов во анти-стал и мора да анализирам што се случи бидејќи загубив неколку позиции. Подоцна успеав да стасам неколку болиди, но сите веќе ги имаа загреано гумите и беше тешко да ги следам.

Имав среќа, но поради грешки на другите, Дојдов до петта позиција и се обидов да се борам за четврта, но предоцна кочев и излетав. Како што почнав да кочам, предните тркала немаа грип и продолжив право. Морав да менвуам гуми и да се борам пак за поени – анализира верстапен.

На прашање дали било утешително што го престасал Фетел за седмо место во последниот круг тој изјави.

Подобро е од осмо, но сепак не сум дојден за таа позиција со ваков болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ