Верстапен искрено: Хонда никогаш не замина

Макс Верстапен чувствува дека Хонда никогаш вистински не заминала од Ред Бул и од Формула 1 откако јапонците се решија да го вратат своето лого на болидот од претсојниот викенд и да ја засилат соработката со Ред Бул и со АлфаТаури.

Ред Бул ќе ги произведува моторите со ко ќе се трка до крајот на 2025 година со огромна помош од јапонска Хонда и покрј тоа што тие официјално потврдија дека заминуваат од Формула 1 на крајот од минатата година.

По двегодишно отсусво од Формула 1 календарот поради пандемијата, Сузука се враќа во спортот прва пат од 2019 година, а во пресрет на  трката Хонда потврди дека ќе ја засили својата соработка со Ред Бул и АлфаТаури, а нивното лого ќе се врати на шасиите од болидот.

Ред Бул подолго време преговараше со Порше за влез на германците во тркачката серија од 2026 година како партнер на Ред Бул Пауертреинс, но договор не падна затоа што Порше сакаа 50% удел во тимот, што ќе ја нарушело флексибилноста во Милтон Кинс.

убаво е да се види официјалното имае на хонда назад на болидот, хрц веќе беа на болидот, така што, реално, хонда никогаш не замина. навистина е посебно што се враќаат официјално на болидот на нивната домашна трка.

работиме одлично заедно, супер соработуваме и вистинско уживање е соработката. споредено со лани, ништо не е променето и задоволен сум што потврдија дека ќе ја засилиме вземната соработка.

прерано е да кажам било што за во иднина, но мислам дека општо гледано присуството на името на хонда во формула 1 е одлично и ќе биде супер во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ