Верстапен критичен кон Перез, го навестува камбекот на Рикардо

Макс Верстапен не беше премногу задоволен од последната предвремена елиминација во квалификациите за Серхио Перез.

Додека Макс Верстапен беше одличен и стигна до уште една пол позиција, Серхио Перез доживеа уште еден неуспех откако беше елиминиран предвреме по стратешка грешка.

Тоа е петти пат по ред Перез да биде елиминиран пред да стигне до К3, што влијаеше на шансите Ред Бул да заврши со 1-2 на трките.

Се чини дека Верстапен упати критики кон својот тимски колега кога зборуваше за холандските медиуми, за резултатот од квалификациите на Силверстон:

Не знам зошто пак тргна наопаку денес, но секако, со нашиот болид треба да влезете во K3.

Запрашан што тргнало наопаку со неговиот тимскиот колега, Верстапен одговори:

Морате да ги прашате Хелмут марко или Кристијан Хорнер за тоа.

Се бориме за екипниот шампионат, но мислам дека тоа можам сам да го постигнам во моментов.

Холанѓанецот досега има постигнато 229 поени, што е повеќе од вториот тим во поредокот, Мерцедес, кој го има освоено 178 поени до денес.

Верстапен со позитивно мислење за Рикардо

Доколку Перез продолжи со слаби перформанси, Ред Бул имаат многу опции доколку сакаат да го заменат во иднина.

Даниел Рикардо зборуваше за желбата да се врати во својот поранешен тим како негова главна цел.

Верстапен додаде:

Тој врши добра работа во симулаторот, но ниту тоа не е нешто од што сум зачуден.

Тој очигледно имаше неколку тешки години во Мекларен, но не го губите вашиот талент. Тој исто така има големо искуство. Мислам дека во моментов едноставно се чувствува удобно со нас.

Исто така, многу добро го познавам Даниел, така што можеме да разговараме за многу работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ