Верстапен: Менталитетот на Хонда е различен од тој на Рено

Макс Верстапен верува дека односот на Ред Бул со Хонда е доста различен со тој што претходно го имале со Рено со кој освоија четири последователни титули. 

Односот на Рено заврши на лош начин откако Ред Бул сметаа дека Рено ги ограничува во борбата за титулата и не им овозможува достојни перформанси и издржливост. 

Односот е целосно различен бидејќи работиме заедно. Имаат различен менталитет, но не сакам да ги критикувам Рено.

Навистина уживам во работата со Хонда. Секако сме целосно обврзани на тоа и веруваме во проектот. Само времето ќе покаже како ќе продолжиме во иднина. Секако тоа не може да го знаеме однапред. Ред Бул работи да успее во тоа. 

На последната трка во Турција, Ред Бул возеше со посебни бои за да го поздрави својот партнер за мотори во викенд кога требаше да се вози трката во Јапонија. 

Боите беа наменети за Јапонија, но поради откажувањето ги возевме во Турција. Тоа покажува колку ни е добар односто. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ