Де ла Роса: Верстапен може да биде најдобар во историјата

Макс Верстапен има само 24 години, но веќе е на прагот на својата втора возачка титула, а според поранешниот возач, Педро де ла Роса, тој имам шанса да стане најголемиот возач во Формула 1 историјата.

Годинава возачот на Ред Бул се поакажа моќно и во моментов има 80 поени предност пред Шарл Леклер во возачкиот поредок, а неговата форма е импресивна. Запрашан кој е подобар помеѓу Леклер и Верстапен, де ла Роса одговори:

мислам дека се споредливи во однос на брзината, многу се брзи, особено во еден летечки круг, а згора на тоа многу паметно возат. најголема разлика е што макс има повеќе контрола врз цела ситуација, не прави грешки, не се извртува и не излетува.

без разлика од условите на патеката, макс има контрола, не е важно дали врне или е  сончева, дали е тренинг или трка, тој има целосна контрола – смета педро.

Тоа е дел од развојот на Макс како возач на кој де ла Роса се восхитува.

во минатото, макс редовно возеше над лимитот на тренинзите, правеше грешки и губеше драгоцено време, но кога последен пат сме го виделе да погреши точка на кочење, да му се закочат тркалата и да ги уништи гумите. вози безгрешно и контролира буквално се, фатнастично е да се гледа, паметен е, агресивен но и пребрз, тој е одличен пакет.

Пофалбите на шпанецот повлекоа прашање дали тој смета дека Макс е на ниво на Михаел Шумахер, Аиртон Сена или Луис Хамилтон.

мислам дека макс има се што е потребно да стане најдобар на сите времиња во формула 1. ги има сите квалитети, нема сомнеж за тоа и единствено времето ќе покаже како ќе вози следните 10 години, но секако дека поседува се за да биде неприкосновен.

За крај на своето интервју, тој беше запрашан да избере кој возачи би возеле за него доколку е тимски шеф, на што одговори:

мислам дека макс во моментов е најдбар возач, но да не ги забравиме Хамилтон, Алонсо и Леклер, а тука некаде се и Норис, Расел и Саинз кои се на одлично ниво. ако морам да бидам возач, тогаш тоа е верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ