Верстапен: Мора да се прифати кога немаш среќа

Макс Верстапен имаше доста трезвено размислување откако не успеа да победи во Монако, но успеа да стигне до подиум преку 3то место. 

Тој смета дека немал среќа викендот, иако сепак ја зголеми разликата во возачкиот поредок пред Шарл Леклер откако заврши на последното место на подиумот. Во текот на викендот константно беше побавен од колегата Перез.

Не ми беше удобно во болидот кој сеуште е нов и учиме да го конфигурираме. Сакам да имам преден грип, но тука го немав, а според мене тој е најважен.

мислам дека се поправив и сепак мора да се прифати кога не е твој викенд. Знаеш дека треба да се бориш за поени во шампионатот – реален е холанѓанецот.

Тој беше на 4та позициај зад возачите на Ферари на почетокот на трката во доста лизгави услови. Перез имаше храбар потег и промени прв на интермедиа гуми што на крајот му се исплатеше. 

Беше доста тесна борба. Секогаш е тешко кога треба да менуваш гуми бидејќи не знаеш колку ќе трае. Тесно беше при излегувањето со Шарл и имав мало пролизгување. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ