Верстапен му даде “црвен картон“ на Норис за искршениот трофеј

Традицијата на посебна прослава со шампањот од страна на Норис беше дел од подиумот по Големата Награда на Унгарија.

Макс Верстапен му даде „црвен картон“ на Ландо Норис, откако возачот на Мекларен го скрши трофејот на победникот во Гранд При на Унгарија.

Лидерот во шампионатот во Ф1 имаше доминантна трка за да ја обезбеди 12та последователна победа на Ред Бул, што е нов рекорд за спортот.

Норис заврши со 33 секунди заостанување на крајот од трката од 70 круга на Хунгароринг, иако се одбрани од нападот на Серхио Перез и го освои второто место и втор последователен подиум.

Британецот ги започна своите прослави со шампањ во типичен стил со чукање на шишето на горното скалило на подиумот, само за да го собори трофејот на Верстапен на подот, со што се искрши уникатната награда.

Трофеите се рачно изработени од Herendi Porcelanmanufaktura Zrt со приближно време на производство од шест месеци по цена од 40.000 евра.

Рекол дека е моја вина? Јас му давам црвен картон – рече Верстапен во интервју за време на специјалниот детски пренос на Скај Спортс Ф1.

Ќе одам кај Зек бидејќи има резервни пари за персонал во тимот, па може да ги потроши на нов трофеј.

Мекларен испрати извинување до Ред Бул преку социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ