Верстапен најавува посилен Ред Бул

Макс Верстапен го опиша Ред Бул како силен по двете петочни тренинг сесии од кои на првата беше најбрз, а на втората единствен конкурент на Луис Хамилтон.

денот беше добар, конкурентни сме и работевме одлично на двете тренинг сесии. затекнав гужва во последниот сектор во мојата квалификациска симулација и се подобрив за само две десетинки споредено со кругот на хард гуми што значи во болидот има уште доста. изгледаме силно како на долги така и на куси серии, но секако дека луис изгледа најбрзо.

патеката не е лесна за разбирање, нерамна е, но имаме силен и конкурентен болид кој е уживање да се вози. секогаш може да се најдат работи кои треба да се подобрат, но овдека трката е 95% квалификации, а јас позитивно гледам на нив – најави макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ