Верстапен најбрз на првиот ден од тестот

Макс Верстапен продолжи онаму каде што застана, со најбрзо време, овој пат на првиот ден од тридневниот предсезонски тест на автодромот Шакир во Бахреин

Актуелнио и двократен шампион постави најбрзо време кое беше за минимални 3 стотинки од времето по круг на исто така двократниот првак, Фернандо Алонсо од Астон Мартин. Следуваа двата болиди на Ферари, Карлос Саинз со нешто над 4 десетинки заостаток и Шарл Леклер со 14 илјадити делови од секундат побавен круг од својот колега.

Ландо Норис од Мекларен беше 5ти со повеќе од 6 десетинки побавен круг од Ред Бул, додека Луис Хамилтон беше половина секунда зад него. Александер Албон имаше 7ми круг по вредност и беше половина секунда по обиколка побрз од кинеот Гуанју Жу од Алфа Ромео, додека последен во топ 10 беше дебитантот на Вилијамс, Логан Сарџент.

Алпин беа разочарувачки на 17то и 18то место, единствено пред Оскар Пиастри од Мекларен и Кевин Магнусен од Хаас и тие 4ца беа единствени со над 2 седкунди заостаток од најбрзото време.

Во однос на бројот на кругови, Макс Версапен беше најбрз и во таа категорија со 157 обиколки, но беше и единствен возач кој одработе цел ден. Луис Хаилтон имаше 83 кругови и заедно со 69те на Расел, комплетираа 152 за “сребрените стрели“. Логан Сарџент и Алекс Албон имаа 75 односно 74 кругови, вкупно 149 за тимот, а Саинз и Леклер 136 заедно.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ