Верстапен: Нема причина Хамилтон да ја напушти Ф1

Макс Верстапен верува дека Луис Хамилтон треба да ги искористи своите достигнувања во Формула 1 како мотивација за да продолжи во спортот. 

Хамилтон си замина навреден откако ја загуби титулата во последниот круг на последната трка. Неговиот тим изјави дека британецот бил во неверување за тоа како се одвивале работите и дека нема гаранција дека шампионот ќе се врати во Формула 1 наредната година. Верстапен верува дека Хамилтон ќе остане во спортот и ќе се потруди да ја освои рекордната осма титула наредната година. 

Мислам дека го разбирам по првите неколку дена од трката и дека не е среќен, Но мора да се разбере дека ова е тркање и вакви работи се случуваат. Мислам дека треба да види што постигнал и Тоа треба да му даде удобност и да се потруди да се избори за осмата титула. Тоа може да го направи наредната година. Не гледам причина зошто сега да застане – посочи новокрунисаниот првак во спортот.

Верстапен изјави ситуацијата може да се спореди со првата титула на возачот на Мерцедес во 2008 година кога веќе се славеше во боксот за освоената титула на Фелипе Маса, но работите се променија и титулата ја освои Хамилтон. 

Не ми е жал за него, но го разбирам. На крајот на денот, ние се тркаме, Се бориме до крајот и Се може да се случи. Тој освои титула на истиот начин. Мора да го разбере тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ