Верстапен: Не е добар крај на сезона ако го задржував Леклер

Макс Верстапен е задоволен што не добил наредба да го задржува Шарл Леклер за Серхио Перез да му се приближи и да го мине во нивната борба за 2ро место кај возачите, бидејќи тоа не е убав начин да се заврши сезоната. 

Леклер и Перез водеа борба за што повеќе поени за да ја освојат втората позиција во генералниот пласман. При крајот на трката, Серхио Перез се обидуваше да стигне до Леклер, но Верстапен не доби наредба да му помогне на колегата. 

Немаше наредба бидејќи тоа не е така едноставно. Не е убав начин да се заврши сезоната со блокирање. Мислам дека тоа не е фер тркање. Чеко го стигаше, но загуби време со Пјер и Алекс.

Верстапен заклучи дека тој и Перез требало да притискаат повеќе на средина на трката за да ја зголемат разликата со Леклер, но Ред Бул биле загрижени за трошењето на гумите. 

Во втората серија имавме висока деградација и ни беше потенцирано да внимаваме на гумите. Многу работи се учат во текот на викендот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ