Верстапен не разбира зошто толку често се судира со Хамилтон

Макс Верстапен изјави дека не може да разбере зошто тој и Луис Хамилтон толку често се судираат во текот на последните две Формула 1 сезони.

Најголем дел од нивните меѓусебни инциденти се случија на 2021 година кога двајцата жестоко се бореа за титула во последниот круг од последната трка во сезона во која насловот го освои младиот холанѓанец. Годинава имаа силен дуел кој заврши со контакт на Бразилското Гранд При, местото на единствената победа на “сребрените стрели“ минатата ркачка сезона.

Дуелите помеѓу двајцата се чиста спротивност на она што го имаат на патеката Макс и Шарл Леклер од Ферари, двајцата кои константно се бореа еде против друг на почетокот од годината и секој дуел беше чист, тркачки и безгрешен.

морам да бидам внимателен што ќе кажам во врска со сударите, но годинава имавме навистина жестоки и агресивнив боврби на патеката, но немаше судари. некако со луис е поинаку и искрено не разбирам зошто е тоа така.

годинава не се борев со него, но во бразил имав таква можност и имавме контакт. немав никаква намера, но бев прогласен за виновен што сметам дека не беше фер туку дека беше обичен тркачки инцидент.

навистина не разбирам, можеби генерацискиот јаз го прави своето, можеби не се разбираме најдобро и не се тркаме најчисто, не знам. не сметам дека правам нешто поинаку споредено со инцидентите со тркањето против останатите. имав дуел со џорџ расел на спринтот во интерлагос кога ме напаѓаше, имавме неверојатна борба, се бранев жестоко, се надмудрувавме кој подоцна ќе закочи.

тоа беше многу забавно и се обидував и на главната трка да го правам истото, да се борам исто, но не успеав – се присети макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ