Верстапен: Очигледно е дека сеуште ни треба ДРС

Актуелниот Формула 1 шампон, Макс Верстапен, посочи дека проблемите со ДРС кои неговиот РБ18 ги имал во Шпанија покажале дека спортот сеуште е зависен од системот за намалување на отпорот кој го олеснува претекнувањето.

Формула 1 има целосно нови аеродинамички правила оваа сезона кои треба да го користат земјениот ефект за создавање на потисна сила, но иако правилата се покажаа како успешни поради полесното следење на болидите, сепак ДРС системот е неопходен при претекнувањето што создава шоу.

Макс Верстапен имаше проблем со својот ДРС за време на Шпанското Гранд При и поради тоа, иако успеваше да се доближи и “залепи“ до Џорџ Расел на Мерцедес, не успеваше да го мине на правецот. Поради сето тоа, холанѓанецот посочи дека сеуште се зависи од системот имплементиран на задното крило на болидите.

 ако немаме дрс тогаш буквално би возеле во боз, а тоа сигурно дека ќе биде многу фрустрирачки, така што јасно е дека во моментов и со овие болиди наи треба дрс – реален е макс.

Тој го пофали новиот аеродинамички концепт кој генерира многу помалку нечист воздух зад себе, така што следењето помеѓу болидите е во голема мера олеснето.

полесно се следиме, но штом се залепиме зад болид, добиваме поголем отпор, како да го немаме возењето во заветрина како лани и ни треба дрс системот очајно многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ