Верстапен по грешката: Очекувам најмалку второ место

Макс Верстапен призна дека е вознемирен и незадоволен од себе по грешката во последниот квалификациски сегмент која го остави да стартува од 9то место на денешното Гранд При на Мајами.

Актуелниот првак ги заврши првите два делови од квалификацииет со најдобро време, а потоа направи грешка во својот прв летечки круг во последните 12 минути. Тоа го остави под ризик кој се случи откако Шарл Леклер претера, заврши во ограда и со црвено знаме ги прекина квалификациите на 100 секунди пред крајот на истите.

несреќен настан, но сето тоа поради фактот што не комплетирав круг поради моја грешка, а беше многу тешко. бев надвор од тркачката линија на 6та и 7та кривина, имав подуправување и не можев да се враам на идеалната линија по што решив да го прекинам кругот.

потоа ми требаше повеќе среќа и се надевав дека нема да иа црвено знаме, но секако дека кога нешто сакате да не се случи, секогаш се случува и поради тоа сум вознемирен.

цел викенд сум многу брз, мојот круг во средниот дел беше доволно брз дури и за пол позиција, така што знам дека болидот може многу. ни треба да склопиме се.

вознемирен сум иако знам дека утре е нов ден и може да се случат многу работи. не е идеално, но нема поента д азбеснувам и да сум претерано вознемирен. учам од ова и следниот пат ќе бидам многу подобар – откри макс.

Запрашан зошто не се обидел со втор летечки круг со истиот сет гуми или пак не искочил порано од сите на патеката, тој појасни:

можевме да го направиме и тоа и тоа, но на крајот на денот, јас направив грешка и признавам. секако дека планот не беше да погрешам.

излегов рано, бев пред неколку болиди, но не можев да предвидам дали некој ќе излета и ќе донесе црвено знаме. ова е улична патека и такви работи се случуваат.

Но, актуелниот лидер во шампионатот откри дека нема да дозволи проблематичните квалификации да му го уништат викендот.

знам дека титулата не се освојува викендов, а сум бил ваква позиција и претходно. понекогаш има чекор назад, но тоа не значи дека сезоната е уништена.

секако дека можеше подобро, можеше многу подобро. мислам дека и лани имав многу тежок старт, но добра трка.

очекувам да бидам најмалку на второ место – оптимистички потврди верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ