Верстапен: Ред Бул можеше да доминира како Мерцедес

Макс Верстапен смета дека Ред Бул можеле да доминираат исто како и Мерцедес доколку целосно не се променеле правилата за турбо хибридната ера. 

Доаѓањето на новите мотори во 2014 година ја отвори вратата за доминацијата на Мерцедес, по што германскиот тим има седум последователни титули додека Ред Бул немаат титула од 2013 година. 

Да бидам искрен, на крајот на 2013 година, ако не се променеа правилата, Ред Бул ќе продолжеше да доминира. Тоа одлично им дојде на Мерцедес. Секако во В6 турбо хибридната ера треба да си подготвен со добар мотор од почетокот. Тоа многу им помогна – анализира макс.

Но, Верстапен е искрен дека не е само моторот туку и шасијата е извонредна. 

Мислам дека нивниот болид е многу брз. Има голема крајна брзина и работи извонредно. ТОа е неспорно. 

Сепак, младиот холанѓанец смета дека Ред Бул може да го предизвикаат Мерцедес наредната година. На крајот на минатата година, Ред Бул имаше извонредна победа која многу им помогна да ја зголемат самодовербата. Кристијан Хорнер е сигурен дека болидот треба да биде добар на повеќето патеки. 

Мислам дека го поправивме болидот, Ги средивме големите проблеми и знаеме што треба да досредиме за претсојната година.

Ни треба болид кој ќе работати на сите патеки како тој на Мерцедес. Мора да сме силни на календар со толку трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ