Верстапен сеуште не е задоволен од болидот

И покрај тоа што на последниот ден од тестот извозе најбрз круг, Макс Верстапен не е целосно задоволен од болидот. 

Холанѓанецот возеше надградена верзија на РБ18 и постави време речиси 0,7 секунди подобро од тоа на Шарл Леклер од Ферари. 

Никој не возеше со целосно квалификациска конфигурација – посочи актуелниот првак. 

Верстапен објасни дека најважно било што разбрал како работат гумите и се обидувале да разберат дали страничните делови работат како што треба. 

Главен фокус ни беа гумите и тоа го правевме оваа недела. Болидот си ја заврши планираната програма. Секако болидот е добар со малку гориво, но со многу гориво е мрзлив, но Тоа е исто за сите. Пробавме некои нови делови кои работеа и поради тоа ќе ги задржиме. 

Формата на Верстапен во Бахреин ја потврди позицијата на фаворити иако Ферари изгледа доста силно. Мерцедес и Мекларен имаа проблеми на топлата патека во Бахреин. 

Споредено со Барселона имавме различни услови. Патеката е целосно различна од Барселона, Но секако научивме многу за болидот кој беше побрз . 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ