Верстапен се закани со напуштање на Ф1 ако се воведат повеќе спринтови

Макс Верстапен посочи дека ќе замине од Формула 1 доколку шефовите на спортот продолжат да додаваат спринт трки во иднина.

Спринт форматот на Гранд При тркачки викенд за прв пат беше воведен во 2021 година кога имаше три такви куси трки, исто како и лани, а за сезонава има двојно повеќе, дури 6.

Актуелниот првак многу често јавно го критикува форматот, но сега отиде и чекор подалеку најавувајќи дека при повеќе кус спринтови, тој заминува од тркачката серија.

дури и да се промени форматот, спринт трките не се сржта на формула 1 и се надевам дека нема да има промени од тој вид, во спротивно, јас нема да останам уште многу долго во ваква формула 1 – се закани макс.

Распоредот се зголемува секоја година, се додаваат се повеќе трки, така што календарот станува преполн, а Верстапен посочи дека ако се сака големи возбуди секој викенд, најдобро и најлесно е да се отстранат петочните тренинг сесии.

воопшто не ги сакам спринтовите и мислам дека ако се сака да се експериментира поради возбуда и интензитет, веќе имаме премногу трки за тоа. спринтовите не се вистинскиот начин иако јас разбирам дека од спортот се бара возбуда и трка секој викенд.

мислам дека далеку подобро решение е едноставно да се скрати викендот само на трка во сабота и недела и тие два дена ќе бидат возбудливи. одиме во сезоната која ќе има 24/25 трки и потоа ќе почне да се додаваат новини секој викенд, прашање е дали и колку тоа вреди.

јас не уживам во тоа затоа што сметам дека спринт трка е прашање на преживување, а не на тркање.

За време на Гранд При викендот на Емилија Ромања, Формула 1 проба дводневен викенд.

Макс смета дека шефовите на спортот треба да бидат повеќе загрижени да најдат начин да го збијат поредокот и повеќе екипи да се борат за победи наместо спринт трки.

по мене, ако имате брз болид, нема ризик, само го држите болидот настрана од проблеми за да се осигурате дека освојувате многу поени во недела. дури и да се промени форматот, не мислам дека днк на ф1 е да се одработуваат вакви спринт трки.

формула 1 е спорт каде се вади се од квалификациите со цл да се има неверојатен гранд при и тркачка дистанца. тоа е сржта на формула 1 и не разбирам зошто би го менувале кога е добар и работи.

возбуда ќе се добие и ако се најде начин да се збие гридот, болидите да бидат поблиску едни до други и повеќе екипи да се борат за победа. така шоуто ќе биде одлично со 6-7 екипи кои напаѓаат за победа би било лудило.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ