Верстапен: Се очекуваше пензијата на Фетел

Макс Верстапен изјави дека пензионирањето на Себастијан Фетел било нешто што се очекувало на крајот од оваа сезона. 

Четирикратниот првак најави дека го напушта спортот по 15 години Формула 1 кариера во која освои четири титули со Ред Бул и последната победа ја имаше во Сингапур во 2019 година со Ферари. Од 2020 година навака тој има само два подиума. 

Сите стареат и во еден момент мора да се пензионираат. Мислам дека за Себ ова беше очекуван момент. Важно е да ужива со семејството бидејќи Формула 1 е краток период од животот во кој треба да се постигнат некои работи и сега е време за уживање – посочи актуелниот првак.

Верстапен го пофали уделот на Фетел во спортот и дека неговиот успех ја оправдува одлуката да си замине. 

На крајот на денот, тој постигна многу во спортот и целосно го разбирам што се пензионира. Мислам дека имаше одлична кариера со многу победи и титули. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ