Верстапен си купи Ферари за 1,6 милиони евра

Макс Верстапен ги искористи последните неколку месеци без трки во Формула 1 да го избере својот нов автомобил.

На крајот неговиот избор падна на Ферари Монца СП2, а за тој автомобил возачот на Ред Бул мораше наголемо да го отвори новчаникот. Вредноста на Монца СП2 е околу 1,6 милиони евра. Верстапен не е првата позната личност кој го купила луксузниот модел. Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимович и познатиот готвач и ТВ звезда, Гордон Рамзи исто така го поседуваат овој прекрасен автомобил. 

Новата играчка на Верстапен има 6,5 литарски В12 мотор со 810 коњски сили. Според италијанскиот весник La Gazzetta dello Sport, тој ја направил нарачката и сега чека испорака. Автомобилот ќе биде испорачан директно од Маранело до неговиот дом во Монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ