Верстапен со нов менувач и се поблиску до казна

Макс Верстапен доби целосно нов менувач во пресрет на денепните квалификации во Мајами.

За холанѓанецот постои опасност да го надмине лимитот и да добие казна поради тоа. Актуелниот првак ќе земе трет менувач за Мајами Гранд При што значи дека е на само еден од казна, а остануваат уште 18 трки.

Во Саудиската Арабија, втората трка од сезоната, Верстапен веќе го доби вториот менувач, така што проблем имаше уште тогаш. Но, екипата може да искористи и некои од старите менувачи и делви, но прашање е во каква состојба се тие со оглед на фактот што тимот реши да менува.

Карлос Саинз исто така доби нов менувач за овој виенд, но за возачот на Ферари тоа е втор пренос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ