Верстапен со предупредување до Леклер и Ферари

Макс Верстапен се надева дека Ред Бул може да го вратат ударот кој го примија на денешните квалификации кога мораа да се задоволат со второ место.

Откако “биковите“ загубија на квалификации, актуелниот првак се надева оти работите ќе се променатна трка. Холанѓанецот беше најдобар на последната сесија пред квалификациите со убедлива предност пред Леклер, но на квалификации моначанецот освои пол позиција со огромна и несебична помош од својот шпански колега.

Запрашан што се случило со неговиот ритам од утринскиот тренинг во Сабота до квалификацискаа сесија, Макс немаше сигурен одговор:

третиот тренинг во сабота и квалификациите не се исто. мислам дека ни недостасуваше брзина во квалификациите и по малку грип. беше потешко одошто сметавме дека ќе биде – посочи макс.

Тој верува дека на трка ќе го вратат ударот и ќе успеат да ги победат италијаските колега.

мислам дека имаме силен болид за трка и се надевам дека трката утре ќе биде добра за нас. брзи сме на правците и се надевам дека во недела ќе го искористиме тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ