Верстапен со свое предвидување за борбата со Перез

Макс Верстапен е релаксиран во борбата за титулата со неговиот колега, мексиканецот Серхио Перез, и додаде дека нивниот однос нема да биде загрозен доколку се случи борба за титулата. 

Перез победи во Монако и сега е на трета позиција во генералниот пласман со заостанување од 15 поени зад Верстапен. 

Мислам дека ако има борба, нема да се промени односот. Сеуште сме блиски, нели – смета актуелниот првак.

По доста години во средниот ред, Перез се приклучи на Ред Бул минатата сезона и успеа да му парира на Верстапен.

Работиме како тим. Секогаш сакаме да го оптимизираме болидот, да работиме како тим и да прифатиме доколку некој подобро си ја работи работата. нека победи подобриот.

секако сме блиску и мора да се почитуваме за да освоиме максимални поени за тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ