Верстапен уживал во борбата со Саинз

Макс Верстапен имаше шанса да се бори со Карлос Саинз на вториот ден од тестот во Бахреин. 

Саинз заврши со најбрзо време пред Верстапен и уживаше во малата борба на патеката во која Верстапен победи откако Саинз се повлече.

Имавме интересна борба со Карлос. Мислам дека тој беше на долга серија со повеќе гориво, додека јас бев на крајот и го стигнав со ДРС бидејќи сакав малку да се тркаме – откри верстапен.

Актуелниот првак изврте 86 кругови во текот на денот и негово најбрзо време беше 1,34.011 со Ц4 гуми. 

Мислам дека завршивме добра работа денеска. Беше топло и имавме неколку црвени знамиња. Добро е што извртевме доста кругови. Нема да ги користиме овие гуми на трка и времето не е репрезентативно. До сега болидот беше добар и работиме на одредени области. 

Тимот се обидува да го оптимизира болидот РБ18 и шефот на инженеринг за трка на Ред Бул, Жулауме Рокелин објасни зошто потрошиле многу време во гаражата. 

Имавме ден со доста застанувања, најмногу поради дизајнот. Истражуваме и тестираме повеќе работи. Научивме многу и собравме доста информации. Среќен сум со тоа што го дознавме и продолжуваме со работа и мислам дека е позитивно. Имавме конкурентен крај иако не се ни обидувавме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ