Верстапен: Хамилтон никогаш нема да признае дека се плаши од мене

Во пресрет на решавачката трка за овогодинешната титула во Абу Даби, Макс Верстпен изјави дека Луис Хамилтон никогаш нема да признае дека се плаши од него, при тоа посочувајќи дека тој нема никаков страв од седумкратниот прак.

Двајцата имаат еднаков број на поени во пресрет на трката, Макс има победа повеќе, а предност има и поради тоа што ќе тргне од пол позицијата со Хамилтон крај себе.

никогаш нема да признае дека се плаши од мене, барем јас немам никаков страв од него. мислам дека му правам нервоза кога ќе го видам во ретровизори.

тој е поразличен возач од мене, помалку агресивен е и не знае да се трка како што знам јас. не го обвинувам за затоа затоа што никогаш не го терале да се бори како што мене ме тераше татко ми – изјави верстапен во своето последно интервју за холандкси de telegraaf.

Последните три трки, Макс завршуваше зад Хамилтон додека овој победуваше, но во пресрет на финалето од сезоната е полн со самодоверба. Не само што верува дека е најдобар возач на гридот, туку е свесен и дека го покажува тоа иако има втор најбрз болид нагридот.

ако сте во формула 1 логично е да имте високо мислење за себе и да сметате дека сте најдобар возач на светот и во спортот и не треба да го слушнам тоа од било кого, не ми треба признание. поважно ми е што мислам за себе и што мислат оние кои ми се блиски за мене. ако го имав болидот на луис, сезоната одамна ќе беше завршена – посочи холанѓанецот.

По Саудиското Гранд При, Мерцедес, но и голем дел од аналитичарите во спортот, посочија дека Макс е претерано агресивен возач, додека тој вели дека има само една цел, победа и титула.

не сакам да го елминирам од трка, сакам само да го победам, тоа е се. некои сметаат дека сум агресивен, другите сметат дека не е така, но јас сметам дека сум само јас.

на последните трки имаше потреба да се бранам повеќе затоа што имав побавен болид и немав повеќе можност да водам и да се оддалечам од сите. точно е дека ќе дадам се за да победам, ако не мислам така, тогаш подобро да си останам дома. ако немав таков став, немаше да имаме исто поени, ќе беше шампион луис до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ