Верстапен ќе продолжи со бројот 1

Макс Верстапен откри дека ќе продолжи да се трка со бројот 1 се додека е бранител на титулата. 

Откако ја освои титулата минатата сезона, тој започна да го користи бројот 1 и сега кога веќе ја има втората титула тој ќе продолжи со користење. 

Да, ќе продолжам со тој број и наредната сезона. Бројот 1 е најубав за било кој возач. Колку пати ќе имате шанса да возите со тој број, Никогаш не знаете. Секогаш можам да се вратам на бројот 33, но додека сум шампион ќе возам со 1 на мојот болид – откри холанѓанецот.

Верстапен е првиот возач по Себастијан Фетел во 2014 кој вози со тој број. Луис Хамилтон никогаш не го промени својот број, додека Нико Розберг не ја бранеше титулата затоа што се откажа од Формула 1 штом ја освои.

Оваа сезона е посебна за мене и целиот тим. Ја освоивме и конструкторската титула за прв пат од 2013 година. Тешко е ова да се повтори во иднина. Мора да се мисли на секоја сезона посебно. Оваа ќе ја запамтиме по убави моменти. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ