Ветел објасни околу евентуалниот премин во ВРЦ

Себастијан Фетел ја заврши својата Формула 1 кариера на крајот на минатата година и во моментов кружат гласини за негов премин во ВРЦ, што според него е голем предизвик и не ја исклучува таквата можност.

Овој викенд тој оди во Шведска да се трка на Трката на Шампионите на снег и мраз. Минатата година заврши на второ место на истиот настан зад рели легендата Себастијан Леб, но беше многу подобар од своите конкуренти на рели патеките кои се дел од трката. 

Се восхитувам на рели возачите поради нивната вештина. Нешто во мене сака да возам рели, Но таму треба да дојдам со штрафцигер и чекан. Во некои свиоци ми треба и целиот алат. Тоа е одличен спорт, но е многу различен и бара различно познавање – јасен е четирикратниот првак.

Околу евентуалните гласини за премин во ВРЦ, тој додаде дека рели возачите ја немаат доволната почит како во Ф1 иако има интернационална публика. 

Возачите се одлични, но не се во центарот на вниманието. Формула 1 е многу популарна низ целиот свет, додека релито е најмногу во нордиските земји.

сепак, мислам дека заслужуваат да бидат популарни низ целиот свет. Имаат неверојатни вештини, но тоа е различен спорт. По малку сум го следел ВРЦ шампионатот и знам дека има доста млади деца. Се сеќавам кога почнуваше Петер Солберг и победуваше, Но не дека поразнав со рели. Сеуште многу сум фасциниран. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ