Вилијамс го чекаат Сарџент за суперлиценцата

Вилијамс го чекаат својот јуниот, американецот Логан Сарџент, дали ќе добие суперлиценца со што се вжештува пазарот на возачи за наредната сезона. 

Сарџент и Ник де Врис се главните имиња за местото кое во моментов му припаѓа на Николас Латифи, а така беше дури и пред дебито на холанѓанецот кој заврши на деветта позиција на Монца. Де Врис доби понуда за тест со ланскиот Алпин додека во петокот се сретна со доктор Хелмут Марко во Грац за евентуално место во АлфаТаури откако Колтон Херта не доби суперлиценца. Доколку се приклучи на Ред Бул, Вилијамс ќе продолжат со Сарџент кој сега доби петочен тренинг во Остин. 

Сарџент треба да заврши на петто место или повисоко во до крајот на сезоната во Формула 2  за да добие суперлиценца. Американецот во моментов е трет со 135 поени пред Џек Дуан, Дарувала и Фитипалди со 126 поени. 

Доколку не успее со Сарџант, Вилијамс ќе бараат друга опција. Слободен е Антонио Џовинаци кој е во игра и за место во Хаас, но тука се и Мик Шумахер и Џек Аиткин. Минатиот викенд во Монца, Јост Капито потврди дека Вилијамс размислуваат за јуниорот. 

Има добар избор на возачи. Имаме добри млади возачи и други со поголемо искуство. Ситуацијата во тимот сака различни стратегии.

Не сме напред за да имаме искусни возачи и сакаме да експериментираме со млади. ќе видиме што ќе излезе на крајот. Мислам дека Сарџент е подготвен само му се потребни поени на суперлиценцата кои сум Сигурен дека ќе ги добие. не го земаме само поради тоа што е американец, Сакаме да е подготвен и тоа е најважно. Доколку не е е такак ќе вози уште една сезона во Формула 2. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ