Вилијамс изненадени од пристапот на Расел

Вториот човек на Вилијамс, Клер Вилијамс, изјави дека биле целосно изненадени од пристапот и перформансите на нивниот дебитант, Џорџ Расел, оваа тркачка сезона.

Предсезоната беше целосно “зезната“ за трофејната екипа од Гроув по што тие цела година беа далеку најбавни на патеката, возачите Расел и Кубица се бореа само меѓу себе, а поенот кој полјакот го освои беше благодарение на хаосот на Хокенхајм и казните за Алфа Ромеона таа трка.

изненадена сум многу позитивно од џорџ. само ако сте внатре во тимот ќе знаете колку тешко и напорно беше сезонава. џорџ разбра што треба да се направи, каде доаѓа и што се очекува од него.

од самиот почеток одлично се однесува и годинава многу научи и покрај тоа што немаше болид како што очекуваше и како што заслужуваше. беше тешко а него затоа што дојде како шампион од формула 2 серијата каде возеше заедно со ландо и алекс и дојде да вози со пакет кој баше далеку послаб од тоа што го имаше.

џорџ е таков возач кој штом добие конкурентен болид навистина ќе покаже што знае и умее.

го гледаме на квалификации и луѓето можеби не се фокусирани на што тој го работи затоа што е во вилијамс и е на крајот, но тој влегува во болидот и момците во тимот се собираат околу телевизорот возбудено очекувајќи што ќе направи. личи на најџел мансел, едноставно извлекува се што може од болидот и иако ретко оди во к2, сепак има импресивни кругови.

надвор од болидот, со оглед на тоа што му е прва година во спортот, неговото знаење за современиот формула 1 болид и како тој работи е огромно и многу корисно за инженерите за развој. успева да ја задржи решителноста и покрај резултаите. сите го сакаат, таков е  тој.

вистински сум благодарна на џорџ затоа што многу бро разбра каква улога треба да игра за да ја задржи мотивацијата и моралот во тимот. секако дека на моменти негодува како и сите, но ја држи главата високо и прави се што ќе побараме од него. тој играше огромна улог во мотивација на сите во тимот – презадоволна со својот возач е клер.

Расел е штитеник на Мерцедес и најсериозен кандидат за место во тимот по заминување на некој од сегашните возачи од Бракли. Сепак, неговиот договор со Вилијамс има важност до крајот на 2021 година, а тој сета дека ќе треба да се случи нешто драстично за да замине од Гроув претходно.

тој е следна генерација возачи на вилијамс и поради тоа е возбудливо да се гледа. горда сум што имаме таков возач во нашиот болид кој достојно не претставува на патеката. сакам да се осигураме дека ќе го имаме во болидот колку што може подолго

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ