Вилијамс нема да биде втор тим на Рено

Вилијамс ги отфрлија гласините дека ќе станат втор тим на Рено бидејќи сакаат да ја одржат својата независност. 

Тимот од Гроув ќе претрпи голема трансформација во обид да се врати погоре на гридот. Иако имаат техничко партнерство со Мерцедес кое ќе вклучува користење на менувач и хидраулика од наредната година, веќе се шпекулира дека тимот разговара со Рено. 

Ова е обид на новиот извршен директор на Рено, Лука де Мео, да го подобри успехот во Формула 1 и да најде партнерски тим. Сепак Јост Главниот извршен директор, Капито, смета дека тимот е отворен за технички партнерства и покрај потребата од мотор од некој друг производител сепак не сака да се откаже од независноста. 

ДОколку се подобриме ќе привлечеме повеќе производители, но наша главна цел е да останеме независни. Вилијамс секогаш бил независен тим.

За нас втор тим е тим кој нема независност и зависи од друг. Не сакаме да бидеме тоа. Наш бизнис е тркањето и сакаме да се задржиме до тоа и да бидеме независни. Тоа е нашиот предизвик. 

Капито е јасен дека тимот го почитува договорот со Мерцедес и нема намера да го промени тоа. 

Имаме добар однос со Мерцедес и договор кој трае неколку години. Наша цел е да го почитуваме.

Не гледам промена во иднина, Но веќе дискутираме и за менувачот. Моторот и менувачот се прави од производителот. Решивме да го користиме целиот пакет од наредната сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ