Вилијамс не кренале раце од Латифи

Вилијамс сеуште не се откажуваат од својот возач Николас Латифи за следнат година и не исклучуваат можност канаѓанецот да остан дел од екипата.

Британската екипа е повеќе од задоволна од перформансите и резултатите на Александер Албон, но Латифи е оној кој го носио моќниот Софина фудс, сопственост на неговиот татко, со себе. Сепак, доколку 27-годишниот не се подобри и не почне да носи поени во вториот дел од сезоната, неговото останување во Гроув виси.

Се верува дека Јост Капито, шефот на тимот, цели на Ник де Врис како возач на екипата за следната година, но не отфрла и продолжување на соработката со Латифи.

имаме време и имаме различни опции. на ники му требаше доста време да стекне верба во болидот согласно новите правила, но на крајот успеа да фати ритам од трката во силверстон. ќе видиме како ќе се развива затоа што беше одличен крај џорџ минатата сезона и ако може повторно да испорача, немаме никаква причина зошто да размислуваме да го замениме – посочи капито.

Младиот Логан Сарџент кој е се посилен во своите настапи во Формула 2, станува се посериозен кандидат за местото во тимот.

одлично се развива, а јас сум познат по тоа што сакам да промовирам млади и талентирани возачи и не сакам некого многу долго да го држам на страна. имаме време да почекаме да видиме како тој ќе се развива – ја објасни капито ситуацијата со сарџент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ