Вилијамс воодушевени од Тиктум

Вилијамс велат дека нивниот развоен возач, Дан Тиктум, е еден од најдобрите кои тестирал во нивниот симулатор, а тимот е убеден дека максимално ќе го искористи неговиот потенција. Минатата сезона тој возеше во јапонската Супер Формула, но не ги донесе посакуваните и очекуваните резултати по што Ред Бул се решија да го отпуштат од нивната развојна програма.

Откако стави крај на соработката во Милтон Кинс, Вилијамс открија дека ќе го земат Тиктум кај себе да биде нивни развоен возач оваа година.

нетрпелив сум да работам со него, а откако го ставивме во сиулаторот инженерите ми кажаа дека тој е еден од најдобрите возачи кои некога го виделе. голем талент е и мислам дека треба да се негува, а ние имаме искуство со тоа. ние знаеме што да очекуваме од него, а тој знае како треба да се однесува.

тој е еден човек во екипа од 750 луѓе, а ние во тимот секогаш имаме став дека никој не е поважен од било кого. сите треба да ги завратат ракавите и да си ја завршат својата работа на начин на кој се очекува од нив, но  мислам дека знае и го разбира тоа – објасни клер вилијамс.

Возачот е познат дека има незгоден карактер поради што имаше доста проблеми во својата кариера, а Ред Бул ја прекинаа соработката со него. Но, Вилијамс веруваат дека тој сега е позрел и подобро разбира што се очекува од него.

со искуството кое го има сега мислам дека е многу созреан и сака да ја наведне главата и да ја заврши работата која се бара од него. мислам дека треба да внимавме на него, тој е голем британски талент кој не треба да се загуби од било каква причина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ