Вилнев: Времето на Рикардо помина

Поранешниот Формула 1 првак, Жак Вилнев, смета дека времето на Даниел Рикардо во Мекларен е завршено и тимот се подготвува да ја прекине соработката со него. 

Се чини дека тој предвреме ќе биде отпуштен и во моемнтов се прават калкулации како и кога да се случи тоа. Мекларен оваа сезона има само 59 поени од кои 48 се на Ландо Норис. 

Времето на Рикардо во Мекларен помина. Зек Браун изјави дека има клаузули во неговиот договор и дека одлуката самошто не е донесена.

Се прави притисок и се подготвуваат медиумите. ТОј е преплатен возач кој го чини тимот многу пари, Не носи поени за тимот кој треба да го развива болидот. Ги чини премногу.

Би било поевтино да продолжат да му плаќаат и тој да седи дома наместо да вози. Тоа е суровата реалност во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ