Вилнев за Ферари: Го загубија моментумот, требаше да водат

Поранешниот Формула 1 првак, канаѓанецот Жак Вилнев, останал збунет од стратегијата на Ферари во Монако која смета дека го чинела Шарл Леклер победа на трката.

Италијанците имаа две чудни трки, првата во Шпанија и втората во Монако, каде загубија поради стратешки грешки (Монако) и технички проблеми (Шпанија). Вилнев е импресиониран од перформансите на Леклер, но зачуден од стратегијата на Скудерија за која смета дека многу го чини тимот.

како во барселона така и во монако, шарл леклер беше многу подобар од било кој на гридот. беше релаксиран цел викенд и се држеше под контрола и тоа се очекуваше на неговата домашна трка затоа што ферари е многу силен во бавните кривини.

но, на трка ми беше тешко да разберам затоа што ферари не сакаше ништо да ризикува со леклер. монако е град кој сака ризик и коцка со сите тие казина, а безбедна трка низ кнежевството никогаш не се исплати. саинз и перез ризикуваа и се виде дека тоа е исправно – посочи вилнев.

На почетокот од сезоната, Леклер и Ферари беа на врвот во двата шампионати, но по трката крај Барселона која Леклер не ја заврши, Верстапен го превзеде првото место во поредокот кај возачите, а Ред Бул кај екипите.

очигледно дека леклер беше најсилен на последните две трки и не прави никакви грешки. беше одличен во барселона и имаше механички проблеми, а потоа и стратегјата не му се исплатеше на следната трка. не дојде ни до подиум и заврши зад макс.

ферари го загубија моментумот, требаше да водат и кај возачи и кај конструктори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ