Вилнев: Леклер дава пример како да не се освои титула

Формула 1 првакот од 1997 година, канаѓанецот Жак Вилнев, вели дека Шарл Леклер дава одличен пример како да не се освои титули и како да се загубат шансите за тоа.

На Пол Рикар, откако поради возачка грешка излета во оградата додека водеше и беше на прагот на победа, шансите за наслов на моначанецот стануваат се помали. Така, во моментов, на 10 трки пред крајот на првенството, тој заостанува 63 поени зад Макс Верстапен.

Вилнев посочи дека Верстапен не грешки како својот колега кој сезонава поради своја грешка си го уништи пласманот и на Имола. Иако болидите и нивните перформанси се многу блиску на секоја трка, возачот на Ред Бул е далеку напред.

трката беше добра, но можеше да биде многу подобра. со толку топло време, предусловот за одлична трка беше тука.

леклер и верстапен имаа исти ритам, а леклер направи грешка која не требаше да ја направи, а потоа и призна дека со такви грешки не заслужува да биде првак. во австрија исто така имаше голе притисок, но одлично одговори на него.

тоа е голема разлика во однос на верстапен на кого не му се случуваат грешки, а кога ќе биде победен од леклер, редовно е на второ место така што не дозволува да се намали драстично предноста.

имаме шампионат со два еднакви болиди, но едниот има многу голема предност во однос на другиот и тоа е одличен пример како се губи титула – напиша вилнев во својата колумна.

Жак посоли дека Шарл не бил единствениот кој погрешил на Пол Рикар затоа што и Ферари како екипа направиле грешка во однос на Карлос Саинз и неговата доцна промена на гуми многу скоро откако го мина Серхио Перез за 3то место.

Тој не смета дека одлуката на тимот била грешка, туку морале порано да ја донесат за да му дозволат на возачот, кој патем имаше пеколно брз ритам, да надомести позиции.

саинз немаше среќа. прво погрешија при неговата промена на гуми, за што тој доби и казна од пет секунди. брилијатнно го мина перез и имаше брзина да претекнува и да се одлепува. од ферари реагираа неумесно со стратегијата и тоа го чнеше карлос поени.

изгледаше како саинз да не му верува на тимот, но сетете се дека ние слушаме само дел од радио комуникацијата. екипата ги има сите податоци, знае во каква состојба се гумите, така што ако веќе менуваа по втор пат, требаше мноуг порано да го направат тоа за да надоместат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ