Волф: Вандорн и де Вриес заслужуваат Ф1 место

Тото Волф смета дека Формула Е возачите на Мерцедес, Стофел Вандорн и Ник де Вриес, заслужуваат да бидат во Формула 1 во екот на шпекулациите дека шампионската екипа ќе добие шанса за смести свој возач во Вилијамс.

Најавите дека Џор Расел по три години во Вилијамс ќе го замени Валтери Ботас во Мерцедес и ќе вози крај Луис Хамилтон се се посилни, а Тото Волфи откри дека вториот возач ќе биде објавен во текот на летната пауза. Шпекулациите велат дека Валтери Ботас може да мине кај Фред Васур во Алфа Ромео, а де Вриес да го заземе испразнетото место во Вилијамс

Во комбинација за место во Гроув е и белгиецот Вандорн кој го познава првиот човек на тимот, Јост Капито, затоа што работеа заедно во Вилијамс во 2016 година, пред двајцата да ја напуштат екипата.

На последната Формула Е трка, Ник стартуваше од 9то место, а заврши на второто скалило на пиедесталот, додека Стоф се квалификуваше на 14та позиција и напредна дури 7 места.

двајцата имаат талент и силни работни навики како и интелигенција да бидат во формула 1, двајцата имаат титули од најважната јуниорска тркачката серија.

стофел беше “фрлен во оган“ од страна на мекларен и тешко се снајде со тој притисок тогаш. двајцата заслужуваат да бидат во формула 1 и се надевам дека ќе го најдот патот до врвната тркачка серија – вели волф.

Запрашан дали би ги пуштил во врвот на моторспортот и покрај тоа што нивно заминување би наштетило на Формула Е екипата, тој вели:

навистина сум горд што се наши формула е возачи и навистина не можев да посакам подобар тандем, но никогаш не би застана на патот на можност на возач да вози во формула 1.

Во врска со гласините кои го поврзуваат де Вриес со Вилијамс, Тото изјави:

и јас ги чув тие гласини и за мене тоа беше изненадувње. навистина сум среќен со мерцедес и формула е каде сакам да бидее успешни. дали тоа ќе се случи на долг или среден рок, не знам.

Вандорн имаше шанса да се проба во Формула 1 и заврши на 16то место за Мекларен во 2016 и 2017 година, сезони кога возеше крај Фернандо Алонсо, а екипата се мачеше со тогаш очајниот агрегат на Хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ