Волф го затекнал Мерцедес во неред

Тото Волф е на чело на Мерцедес Формула 1 тимот во последните осум години и играше голема улога во средувањето на тимот да дојде до успехот, доминацијата и освојувањето на титулите. 

Но сепак, кога дошол во тимот тој бил шокиран од тоа што го видел. Во 2013 година тој се префрли од Вилијамс во Мерцедес и започна со менаџирање на тимот. Австриецот бил изненаден од тоа што го видел и веднаш знаел што треба да направи. 

Кога дојдов таму не беше како што сакам да биде. Не верував дека тоа е фабрички Мерцедес Формула 1 тим. 

На тимот му биле потребни промени бидејќи екипата победила само на една трка во три сезони и му требало целосен ремонт. 

Мора да се внимава на детали. Деталите се важни во ваквиот свет. Многумина ги игнорираат малите детали бидејќи не е се до аеродинамиката за да се направи побрз болидот. Важни се и вредностите на тимот. Доколку ги гледиме деталите ќе добиеме брзина. Тоа беше моето искуство во Мерцедес. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ