Волф го сакал Верстапен во Мерцедес

И покрај тоа што Макс Верстапен е долго време дел од Ред Бул, Тото Волф се наврати на моментите кога сакал да го донесе младиот возач во неговиот тим.

Уште на своите 16 години, Верстапен веќе беше следен од главните Формула 1 екипи, а холанѓанецот и неговиот тим веќе имале разговарано со Ники Лауда околу евентуално преминување во тимот на “сребрените стрели“. Но, на крајот Хелмут Марко и Ред Бул го обезбедија Верстапен кој дебитираше во Торо Росо во 2015 година. На прашање до Волф како ја загубил оваа посебна борба од Марко, тој објасни.

Не можевме да му понудиме место во Формула 1. Ги имавме Луис и Нико со долги договори – искрен е австриецот.

Волф призна дека на крајот го советувал Верстапен веднаш да премине во Формула 1 и со тоа да ја прифати понудата на Ред Бул.

Макс беше интересен млад човек, но можевме да му дадеме само договор и место во ГП2. Хелмут му нудеше место во Формула 1 и на крајот го советував да тргне по тој пат. Тоа значеше дека отпаѓа од нашиот радар.

Во тоа време, вториот тим на Ред Бул донесе млади таленти кои стекнуваат искуство пред да преминат во главниот тим. Волф сепак сеуште не е сигурен во користа да имаш втор јуниорски тим.

Секако има предност и може подобро да се проценат возачите. Имаа и добра шанса со проценка на моторите на Хонда пред да ги прифатат, но тоа е многу скапо. Треба да си во можност да потрошиш 100 милиони по сезона само за проценка што се многу пари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ