Волф го спореди Хамилтон со Шумахер

Луис Хамилтон ја започнува својата 11та сезона како возач на Мерцедес откако го замени големиот Михаел Шумахер во 2013 година. 

Тото Волф признава дека седумкратниот шампион го има истиот квалитет во тимот и гледа сличности со Михаел Шумахер. 

Би рекол да. Очигледно е вмешан во развојот на болидот и важно е неговото присуство во фабриката. Но во викендите мислам дека е важна неговата улога слично како Михаел порано. Тој е како Том Брејди во американскиот фудбал бидејќи е емотивен дел од тимо. ТОј е со тимот 10 години и е важен дел од тимот. 

Волф признава дека му се восхитува на Хамилтон за предизвикот оваа година. 

Беше екстремно тешко бидејќи не му дадовме алат за работа. Возачот имаше непредвидлив и нестабилен болид. Но не престанавме да го развиваме. Беше извонреден. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ