Волф демантира преговори со Леклер

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, застана зад изјавата на Шарл Леклер дека сеуште немало ниту еден разговор за евентуално приклучување на Мерцедес. 

Како што кажа и тој, сеуште не сме воделе ниту еден разговор со Леклер освен можеби на аеродром кога одев во Старбакс. Не знам од кај доаѓаат гласините – призна австриецот.

Но сепак е јасно дека разговорите со Хамилтон не се почнати и Мерцедес би сакале одлична замена доколку замине седукратниот првак. 

Имаме одличен трет возач, Но со Луис сме 10 години и тоа нема да се промени. Можеби за неколку години. 

Тој се смееше на медиумите кога Леклер изјави дека не зборувале со Мерцедес и дека Леклер си бара место во друг тим поради проблемите на Ферари. 

Можам да замислам како Леклер се надева да го замени Хамилтон доколку не е заинтересиран за Мерцедес, Но немаме место и сето тоа се само гласини. 

Леклер изјави дека нема вистина во гласините. 

Во моментов се слушаат гласини, Но јас го сакам Ферари и сакам да победувам со нив. Тоа е точната изјава и мора да ја појаснам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ