Волф до Марко: Не биди толку гневен и пргав

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, му се обрати на Советникот за моторспорт во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, да не биде толку гневен и толку пргав.

Хелмут ги обвини Мекларен на квалификациите, поточно велеше дека Ландо Норис добил насоки од Мерцедес да го попречи К3 кругот на Макс Верстапен, по што овој не успеа да стигне до пол позиција. Потоа се жалеше и на лимитите на патеката поради кои вели дека до сега загубиле победа, пол позиција и поен за најбрз круг.

тој не е доктор, тој е пргав и дневен. не може да бидете толку гневен и да го гледате светот како теорија на заговор насочена против вас, тоа не ве прави расположен, среќен и весел – вели волф.

На ова, доктор Марко едвај дочека да врати:

ауу, господе, тежок дуел, а има и тешка психолофија. ако тото така гледа на работите, тогаш тото е секогаш во право.

Тој сепак останува на својата теорија дека Ландо Норис и Мекларен се обиделе да им помогнат на Мерцедес и покрај тоа што истото го негираше и возачот и шефот на тимот, Андреас Сеидл.

чудно е кога слушате како преку радиото му кажуваат “не му прави услуга“. тоа е индиректна покана за да му ја отежните работата на некој. мерцедес се нивни производители на мотор и имаат можност да соработуваат на потеменел начин. ние го правиме истото со алфатаури, до некој обем, но без да бидеме нефер кон било кого.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ