Волф за Верстапен: Тој е на друго ниво

Шефот на Мерцедес, Тото Волф потенцираше дека Макс Верстапен е на друго ниво во Ф1.

Холанѓанецот е доминантен оваа сезона победувајќи на скоро сите освен две трки и веќе води со 53 поени пред Перез.

Ред Бул не беше предизвикан за победа од никој оваа година и на последната трка Верстапен победи со 26 секунди разлика пред Хамилтон.

На прашање за разликата меѓу Мерцедес и Ред Бул со новите надградби, Волф одговори:

Би сакал да ви дадам одговор но едноствано го немам. Верстапен е на друго нив. Тоа ме нервира што мора да го кажам но тоа е реалноста. Врз основ на сработеното се чини дека завршиле одлична работа и возачот е одличен и предалеку се. Ние имаме контрола само врз нашите работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ