Волф: И покрај поддршката, отпуштањето на Де Врис не е наш проблем

Двајцата се сретнаа пред викендот за Големата Награда на Унгарија, откако АлфаТаури се раздели со Де Врис.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, потврди дека ќе продолжи да го поддржува Ник де Врис и покрај тоа што инсистираше на тоа дека неговото отпуштање од АлфаТаури не е проблем на Мерцедес.

Де Врис се префрли од резервен возач на Мерцедес во Алф Таури за да го замени Пјер Гасли по преселбата на Французинот во Алпин.

Холанѓанецот беше високо ценет со оглед на неговото импресивно деби за Вилијамс на минатогодишното Гранд При на Италија, како и неговите ценети титули во Ф2, Формула Е и трките на издржливост.

Но, Ред Бул донесе одлука за да го ослободи Де Врис од неговото возачко место во Ф1 по само 10 трки оваа сезона, а на негово место Даниел Рикардо се врати на гридот.

Јас сум фан на Ник бидејќи тој е енормно интелигентен и отсекогаш придонесувал многу за развојот на нашиот болид – изјави Волф.

Можеби му требаше повеќе време. Верувам дека ако му ја дадоа целата сезона, можеби ќе беше добар кандидат за второто место во Ред Бул.

Но, тоа не е наш проблем.

Сепак, жал ми е за него. Тој ми се јави во понеделникот наутро да ме праша дали имам време за кафе. Имав. Во нашиот тим, сите позиции се пополнети, но ние ќе продолжиме да го поддржуваме каде што можеме.

Сугерирајќи дека има задни намери во отпуштањето на Де Врис, Волф додаде:

Мислам дека Ред Бул сака да провери колку е брз Рикардо, за да види дали тој евентуално може да го преземе местото на Чеко.

Формула 1 е енормно тешка и штом ќе се донесе одлука, нема враќање назад.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ