Волф му одговори на Хорнер: Мислам дека му е здодевно

Тото Волф и Кристијан Хорнер дадоа различно мислење за можните промени на правилата со кои треба да се запре потскокнувањето на болидите. 

Тото Волф се пошегува дека на Кристијан Хорнер му е досадно на чело на поредокот и затоа не сака да се променат правилата. Техничката директива на ФИА стапува на сила во Белгија и тимовите мора да гарантираат дека нивните подови нема да флексираат и доколку тоа се случува ќе мора да го кренат болидот. Но, се водат многу дискусии околу евентуална промена на правилата. 

Ред Бул профитираше многу од целосно новите правила сезонава, но Мерцедес не успеа да напредува и падна назад на гридот. По трката во Франција, Хорнер изјави дека има многу лобирање од страна на Мерцедес за промена на правилата наредната година за да може да профитираат од тоа. Но, Тото има различно мислење. 

Мислам дека му е досадно напред. не знам на што мисли бидејќи сите сме во истиот циркус.

Лобирање? Тој не лобира, Тој на никого не врти на телефон. Читам во медиумите дека не е голема промена, а зошто се борат да докажат дека не е легална. ниту еден тим нема да покрене правен спор против ФИА доколку ФИА реши дека ова е од безбедносни мерки – посочи австрискиот шеф на мерцедес.

Волф ја објасни ситуацијата како вообичаена работа во спортот. 

Има проблем кој никој не го гледа бидејќи патеките во Австрија и Силверстон се најрамни на календарот. Болидите се тврди и не потскокнуваат таму.

Мислам дека има разговори меѓу возачите за потскокнувањето и ќе видиме што ќе се случи. не се работи за компромис со правилата, туку само треба да се заштитат возачите. Не знам што ќе се измени, но кога си напред сигурно не сакаш измени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ