Волф: Направивме значителен напредок со менувачот

Екипата на Мерцедес направила значителен чекор напред со цел да ги избегне проблемите од Австриското Гранд При минатата недела со својата менувачка кутија, тврди тимскиот шеф, Тото Волф.

На првата трка Ботас и Хамилтон постојано беа предупредувани да ги избегнуваат високите ивици на Ред Бул Ринг поради потенцијален голем проблем со менувачот во двата болида. На втората трка, Хамилтон и Ботас стигнаа до 1-2 победа без повторување на проблемот, а Волф смета дека решението од инженерите функционира според планот.

Немавме никакви грижи денес. Постојано го прашував тимот дали системот е ок, бидејќи минатиот викенд очигледно беше тешко. 

Менувачот е добар, навистина сум среќен за тимот, за тоа што го направија. Со суспензијата видовме повисоки нивоа на стрес, но не премногу. Тоа е солиден чекор напред.

Кога имате ваков проблем, никогаш не може да бидете 100 проценти сигурни дека е поправен бидејќи сеуште не ни е јасно што го причини. Сметаме дека високите ивици се една од причините, но очигледно мора да го подобриме дизајнот во тие области бидејќи моментално се кршливи. 

Не се сомневам дека ќе имаме подобро разбирање и ќе го надминеме ова – вели Волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ