Волф: Напуштањето на Астон не е знак дека сме послаби

Потпишувањето на договорот на Астон Мартин со Хонда не е знак дека Мерцедес повеќе не е конкурентен, смета Тото Волф. 

По доста години поминати со Мерцедес, Астон Мартин решија од 2026 година да ги користат услугите на Хонда, но според оваа одлука, тие ќе бидат фабрички тим. 

Не мислам дека промената од Мерцедес кон Хонда има врска со моторот. Мислам дека конкурентноста во однос на моторот е нешто што сите го сакаат како вистински фабрички тим. Тоа го прават.

астон имаат ексклузивен договор, Си имаат нивно гориво и прават голема фабрика. Лоренс никогаш не цели ниско, Секогаш сака да е конкурентен и да освојува титули. 

Но, договорот на Астон Мартин со Хонда е само за Формула 1 тимот и нема врска со автомобилите на Астон Мартин Лагонда. 

Во однос на автомобилите, тоа е различно. Како Мерцедес, секогаш остануваме во деловни односи. Мислиме долгорочно и Астон Мартин е бренд со кој Мерцедес е горд што е партнер. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ