Волф: Нема да бидам замена за Лауда

Шефот на Мерцедес, Тото Волф потврди дека нема да има замена за Ники Лауда во тимот. 

Трикратниот Формула 1 шампион, Ники Лауда, беше Неизвршен претседател на Мерцедес се до неговата смрт во мај 2019 година и беше главен при носењето на Луис Хамилтон во тимот во 2013 година. 

Волф истата година стана извршен директор на Мерцедес во Формула 1 и од тогаш е шеф на тимот. Се чини ова е последна година на таа позиција што значи и нов чекор напред во неговата кариера. Тој уверува дека ќе остане во Мерцедес, но неговата функција нема да биде неизвршна и нема да биде како сегашната.

Не сакам да водам фабрика за кобасици или некоја воденица. Ова е најдобриот спорт, Јас сум страсен за него и не се предавам. Не се пронаоѓам во некоја неизвршна позиција како Ники, туку во некоја извршна каде ќе бидам повеќе инволвиран и ќе се справувам со стратези или да поставувам полупрофесионални прашања на техничкиот директор или главниот инженер. Нема да разочарам никој во тимот, но размислувам однапред за иднината – најави австриецот.

Волф верува дека тимскиот шеф е стара функција за модерната Формула 1. 

Тој концепт на тимски шеф не функционира веќе. Одговорен сум за 2.000 луѓе во фабриките и не мислам дека еден човек треба да ја носи целата одговорност.

Уживам во ова што го правам, но мислам дека во иднина одговорностите треба да се поделени. Мислам дека тоа е правилна структура, но сеуште не сум ја дефинирал. 

Под негово водство Мерцедес стигна до шест последователни двојни и само чудо може да ги спречи да дојдат до седмата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ