Волф: Нема место за Шумахер догодина

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, призна дека Мик Шумахер нема да се врати во Формула 1 наредната сезона. 

Иако има доста гласини дека тој ќе го замени Логан Сарџент кој има доста проблеми со Вилијамс, сепак, се чини дека тоа нема да се случи и тој ќе остане резервен возач на Мерцедес. 

Ситуацијата е тешка бидејќи сите места се зафатени. Би сакал да му помогнам, но наредната година нема шанси. Некои врати се отворени за 2025 година, но мора да видиме како ќе се развива ситуацијата со Вилијамс. Дефинитивно не е лесно – вели австриецот.

Шефот на Мерцедес призна дека се обидува да го врати Шумахер на гридот, но без многу врева. 

Мора да сме претпазливи бидејќи можеме да му ја отежниме работата на Мик. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ