Волф: Не е важно што Расел беше подобар од Хамилтон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека не е релевантно тоа што Џорџ Расел бил подобар од седумкратниот шампион Луис Хамилтон во првата година во Мерцедес како колеги. 

Младиот британец два пати заврши на второ место, победи за тимот во Бразил и на крајот имаше 35 поени предност во однос на Хамилтон.

Тие не се тркаат за титулата. Освен во Бразил, не се тркаа за победа. Не знам на кој тим му е важно дали ќе заврши на втора, трета или четврта позиција – објасни тото.

Волф изјави дека загубената титула на Хамилтон минатата година била голем удар за шампионот. 

Минатата година беше полошо. Минатата година ни беше одземена титулата.

Оваа година не ја заслуживме бидејќи не бевме доволно добри. Не сум сигурен како ќе бидеме наредната година знаејќи дека конкуренцијата е силна, но ќе дадеме се од себе да ги постигнеме високите цели. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ