Волф: Никој немал подобро деби од де Врис

Тото Волф верува дека ниту еден возач немало да заврши подобра работа од Ник де Врис на своето деби со Вилијамс во Италија. 

Откако возеше Астон Мартин на тренингот во Петок, де Врис доби шанса да ги вози квалификациите и трката со Вилијамс, откако Алекс Албон мораше да оди на операција. Трката ја заврши на деветта позиција со два поени откако имаше и К2 квалификации претходниот ден.

Тој е одличен млад човек. Не само што е брз како што го покажа тоа во јуниорските категории, туку е и интелегентен тимски играч. Тој го заслужи тоа.

Во Астон возеше со сензори и подоцна беше повикан да вози за друг тим на квалификации и трка. Го победи колегата – задоволен од својата резерва е австриецот.

Мерцедес го следат неговиот развој како евентуална опција за во иднина.. 

Ник беше официјален возач на Мерцедес во формула е се додека не излеговме од електричната тркачка серија пред неколку недели и таму Ја освои нашата прва титула лани.

Немаме менаџерски договор со него ниту некакво влијание во неговата кариера или заработки. Добро го познаваме и го цениме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ